речник контакт

600 ученици без превоз ?

Поради неплатени сметки за превоз на учениците, 16-те превозниците од велешко најавуваат стопирање на работата

Петар Печков

Од почетокот на годинава превозниците за учениците во велешките средни и основни училиште не добиле пари. Тие објаснуваат дека нивните финансиски можности се исцрпени и затоа е потребно што поскоро да бидат подмирени обврските, бидејќи во спротивно можно е да се случи тие да запрат со превозот а децата да не одат на училиште.

Имаме проблем со наплата на средства за изминатите месеци од годинава. Некои од јануари, други од март.Но повеќе не можеме да издржиме, цената на нафтата постојано се качува а за нас нема пари за превоз. Вака излегува дека ние го плаќаме бесплатниот превоз на учениците. Не ни се исплатени долговите од минатата учебна година, да не зборуваме за оваа. Бараме исплата неколку пати, но досега нема резултат  – велат авто превозниците.

Нив ги има 16 и тие превезуваат околу 600 ученика од основното и средното образование од Градско, Чашка, Лозово, Бузалково, Горно Оризари,  Црквино, Иванковци. Некои од нив ги превезуваат учениците од оддалечените делови на градот до училиштата. Од локалната власт велат дека причина за ова е што  Министерството за образование во текот на оваа година исплаќало помалку пари за тековните трошоци, комуналии и превоз. Поради ова училиштата не можат да ги платат сметки за превоз, кои се заостанати од почетокот на годинава.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »